Во 2012, граѓанското општество и заедниците успешно лобираа кај владата на Бенин да донесе национален закон (Меѓуминистерска наредба бр.0121) за одржливо „управување“, правно признавање, и интеграција на светите шуми како заштитени подрачја. Законот признава свети шуми и места каде што има богови, живеат духови и предци, и дека заедниците ги штитат и управуваат светите шуми, и имаат одговорност за спроведување на планот за „управување“ со шумата.